28 Декември, 2024
0.0295

А ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ? Прочитајте ги нивните препораки

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници.  

- Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици - алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат од ЈЗУ Здравствен дом - Скопје. 

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје за да се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата на итната медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ (31.12.2024), достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници, во поликлиниките - Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета.

- Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, како би можеле новогодишните празници да ги дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите, подвлекоа од Здравствен дом - Скопје, апелирајќи, да се повика Итна медицинска помош, кога е најпотребно, честитајќи ги празниците.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски