25 Ноември, 2024
0.0265

СЕ „БАЊАЛЕ“ ЛИ СО БЕНЗИН - лоша оценка и напишаа државните ревизори на Македонска навигација

Објавено во: Економија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Несоодветни планирања и високи трошоци за адвокатски услуги, огромни трошоци за гориво за службените возила, за дури над 50 отсто повеќе од потребите, но и неискористен кредит Европската банка за обнова и развој, кој ако се реализирал за намените за кои бил даден, ќе можела да се обезбеди и поголема безбедност на авионскиот сообраќај, но и повеќе приходи. 

Вакви лоши оценки заработи Македонската навигација, односно државното акционерско друштво за вршење на дејноста давање на услуги во воздухопловната навигација, или подобро познати како М-НАВ, откако државните ревизори ги прочешлале нивните финансиски извештаи за 2018 година, но „прочепкале“ и длабоко наназад во извештите од претходните години.

„Ревизијата изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2018 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Еве што откриле ревизорите.

Критериумите за вработување, начинот на прераспоредување на постојните вработени, како и исплатите на додатокот за прекувремена работа, не биле во согласност со законските прописи, но и интерните акти на друштвото. 

Правните услуги се обезбедувале без соодветни спецификации за цената и тоа ги надминало планираните пари.

За заемот од ЕБОР, пак, тежок 11,15 милиони евра, со кој се финансира Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација, роковите за имплментирање постојано се пролонгираат, така што М-НАВ има искористено минимално средства од овој заем во предвидениот рок, а потребните системи се уште не се во оперативна функција, со што се зголемува ризикот за ненавремено обезбедување на потребните системски надгардби.

Натаму, продолжуваат ревизорте, во трговските книги не е евидентирано земјиштето сопственост на друштвото. За изградбата на административниот објект која завршила во април 2017 година, а во кој друштвото се јавува како соинвеститор, најдени се неправилности во однос на фактичката површина која му припаѓа на друштвото, не е извршен технички преглед на градбата, не е обезбедено одобрение за употреба и негово запишување во јавната книга на недвижности. 

При набавката на стоките и услугите, пак, не е постапено во целост со Законот за јавни набавки и тоа во однос на планирањето на реалните потреби и споревдувањето на тие постапки.

Многу интересен е наодот на ревизорите за трошењето на гориво. По извршениот увид во сметководствената документација, ревизијата констатирала дека одредени корисници на службени возила не ги почитувале интерните акти.

„Имено, во 2018 година, пет службени возила имаат изминато 179.848 километри, за кои според просечната потрошувачка на гориво утврдена со техничките спецификации на возилата, потребни се вкупно 11.638 литри. За наведените возила потрошени се вкупно 28.002 литри гориво во вредност од 1.743 илјади денари ( над 28 илјади евра - н.з.), што е за 58 повеќе од потребните количини, односно направени се повеќе трошоци за гориво во износ од 1.011 илјади денари ( над 16 илјади евра)  ... од страна на М-НАВ се преземени мерки до надлежните институции, поради што ревизијата не дава препораки“, се вели во извештајот.

Еве и малку повеќе детали за неправилностите што се констатирани кај прекувремената работа. 

„Врз основа на одлука на УО, во јули 2018 година исплатени се додатоци на плата за прекувремена работа за 2017 во вкупен износ од 329 илјади денари (околу 5.300 евра - н.з). Истите се пресметани во износ од 29 отсто од основната плата, наместо основната плата зголемена за 29 отсто, што не е во согласност со член 55 од Колективниот договор... Иако вработените во 2018 оствариле повеќе работни часови од полното работно време, до денот на ревизијата не им е исплатен додаток за прекувремена работа. Поради недостиг од персонал, воведувањето на прекувремената работа се прави со распоред за работа во смени, без одлука, што не е во согласност со члем 117 од Законот за работни односи“, се вели во Извештајот.

Во 2018 година имало и 22 нов вработувања во М-НАВ, а петмина од нив биле прераспоредени на работни места за кои не ги исполнувале условите. 

Во врска со адвокатските услуги, во Финансискиот план на друштвото биле планирани пари за услуги од 700 илјади денари, но биле искажани три пати поголеми трошоци, односно 2,3 милиони денари, а притоа не била направена измена на финансискиот план. 

Од извештајот може да се види дека до крајот на 2019 година се повлечени помалку од една третина од предвидените пари, или само 3,2 милиони евра од кредитот од Европската банка за обнова и развој. М-НАВ за надомест за нереализираниот кредит и за камати исплатиле над 320 илјади евра. 

„Со извршената анализа на финансиските податоци за искористените средства од заемот и платените обврски по истиот, констатиравме дека до 31 декември 2018 година. МНАВ има повлечено 919.030 евра од ЕБОР, додека, пак, платена е главнина во износ од 186.347 евра, надомест за неповлечени средства од 272.103 евра и камата на неповлечени средства од 45.553 евра. До 31 декември 2019 година, повлечени се вкупно 3.275.570 евра. Горенаведените состојби упатуваат на тоа дека роковите за имплементирање на проектите утврдени во основниот договор, континуирано се пролонгираат, а како резултат на тоа М-НАВ има искористено минимално средства од заемот во предвидениот рок, и потребните системи се уште ги нема во оперативна функција“, се вели во извештајот.

Ревизорите нашироко пишуваат и за издавањето под закуп на ресторанот, кој се наоѓа во објектот на М-НАВ, во кој закупецот инвестирал средства, но нема добиено посмена согласност за да ја почне инвестицијата. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“