18 Декември, 2025
0.1472

Се бара концесионер за хидроцентрали на Црна Река

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2014 15:09

Добивај вести на Viber

Министерството за животна средина и просторно планирање oбјави jавен повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, каде се покрај постојната ХЕЦ „Тиквеш“ се предвидува изградба на уште две нови хидроцентрали. Проектот предвидува концесија за вода од Црна Река за производство на електрична енергија, вклучувајќи ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Чебрен“, ексклузивно право за управување и одржување на постоечката ХЕЦ „Тиквеш“ и ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Орлов Камен“ врз основа на условите наведени во договорот за концесија за период од педесет и две години. Се повикуваат потенцијалните домашни и странски понудувачи до 16-ти април да достават понуди за заедничко вложување со АД ЕЛЕМ, а проектот ќе биде доделен на понудувачот кој понудил највисок процент на влог на АД ЕЛЕМ во заедничко вложување. Влогот на приватниот инвеститор не може да биде помал од 35 отсто, под услов дека ги исполнува критериумите за квалификација и има доставено технички и финансиски задоволителни информации, кои одговораат на барањата на тендерската документација. ХЕЦ „Чебрен“ и „Тиквеш“, по вложувањето во заедничко вложување и опционално ХЕЦ „Орлов Камен“ ќе работат како независни производители на електрична енергија на домашниот и на меѓународниот пазар на електрична енергија, се наведува во соопштението. International Finance Corporation (ИФЦ - Групација на Светска банка) е ангажирана да постапува како советник за проектната трансакција.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје