СЕ БЛИЖАТ СЛАВИ, ГРАЃАНИТЕ НАРАЧУВААТ ПЕЧЕНИ ПРАСИЊА: Koлку пари треба да одвојат за овој деликатес?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2024 07:47
Се ближат слави, а граѓаните по тој повод нарачуваат и печени прасиња. Цената варира зависно од големината, но за да го имате овој деликатес на трпезата, потребно е да одвоите најмалку 5.000 денари. Граѓаните консумираат печено прасе и за Нова година, но и за големите христијански празници Божиќ и Велигден. За свадбите, исто се нарачува печено прасе. Оние кои се занимаваат со печење и продавање на прасиња, велат дека мнозинството од Македонците уживаат во овој деликатес, но секој си ги пушта нозете колку што му е чергата.
„Има работа, преку цела година ги бараат. Има купувачи од сите градови, има достава до домашна адреса. За родендени, слави, прослави ги бараат и друштво кога се собираат. Македонците сакаат убаво печено прасе. Треба долги години работа да има, да има квалитет, и да функционира добро. Ги бараат за Свети Архангел Михаил, за Нова година, Божиќ, за Велигден“, вели Марио Илиевски, сопственик на фарма од Куманово која воедно нуди и печени прасиња и полутки.
Дел од фурните се задоволни, а други велат дека во минатото имало подобри денови, кога граѓаните повеќе трошеле.
„Има муштерии, ама не е како порано. Не знам кои се факторите, сигурно немаат пари. Веројатно, тоа е целата работа, парите. За слава ги земаат, за роденден нарачуваат. Сега е послаб интересот, едно-две или половина ќе нарачаат. Половинката е на пола цена. Во лето кај мене нема многу нарачки, топло време, никој не јаде свинско на 40 степени. За Нова година очекуваме да има повеќе нарачки“, велат од скопска фурна.
Сопственик на фарма од источна Македонија вели дека пикот е во сезоната кога гастарбајтерите се враќаат и прават прослави тука.
„За Нова година и летоска кога ќе има свадби има повеќе работа. Луѓето сакаат печено свинско, но важен фактор се парите. Најчести купувачи се гастарбајтерите“, вели Драганчо Крстов, сопственик на фарма од Кочани.
Ако погледнеме статистики, во земјава од месо најмногу се консумира пилешкото и свинското месо, а за споредба во соседна Србија свинското место е избор број еден и го консумираат во поголеми количини, односно 37.3 килограми по глава на жител.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!

ВОДИЧ ЗА ЛЕТУВАЊЕ ВО АЛБАНИЈА: Кои се цените, која рута да се избегне и колку чинат патарините?

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот
