18 Декември, 2025
0.3827

СЕ БЛИЖИ БОЖИЌ, ВЕРНИЦИТЕ ПОСТАТ: Нутриционист ни објаснува кои се придобивките од постењето

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2024 07:57

Добивај вести на Viber

Се ближи големиот христијански празник Божиќ, а по тој повод верниците постат. Нутриционистот Фани Гулевска вели дека е добро да постиме, така било во минатото и така треба да остане и во иднина. И идните генерации треба да практикуваат да постат, затоа што освен духовната димнезија, постот помага за прочистување на организмот. Граѓаните кои постат овие денови внесуваат овошје, зеленчук, готват грав, компири, консумираат риба и слично.

Гулевска вели дека секојдневно внесуваме големи количини храна, дел од тие продукти се навистина калорични и добро е пред празниците да му дадеме оддишка на организмот со тоа што ќе внесуваме посна храна.

„Секојдневно го трупаме организмот со масна храна, внесуваме повеќе од што организмот може да апсорбира, така што постот е добро да се практикува. Дури, добро е луѓето еден или два дена во неделата да внесуваат посна храна. За оние кои практикуваат среда и петок да постат, тоа е одлично. Таман на средина на неделата се прави еден пресек со внесување на посна храна и пред викендот во петокот се прави истото. Имаме голем избор на посни намирници, посни слатки, дури и ако се зборува за нездрава храна како чипс, имаме и посен чипс, така што никој нема да остане гладен ако пости. Треба да го практикуваме правилото, кога ни е најслатко, да престанеме да јадеме, за да не го преоптовариме организмот, односно да не се прејадеме“, рече Гулевска.

Таа додава дека нема ограничувања, сите можат да постат, со тоа што одредени категории на луѓе поради болести веројатно ќе треба да внимаваат колкава количина внесуваат од одредени продукти.

Божиќниот пост трае 40 дена, а во текот на овој период верниците не се јадат месо, јајца и млечни производи. Оние верници кои не можат да постат 40 дена, решаваат да постат една недела или барем неколку дена пред големиот празник. Целта на овој пост е чистење на телото, зајакнување на волјата и издигнување на душата над телото. Мрсна храна се консумира ден после Бадник, на Божиќ. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив