16 Декември, 2025
0.1355

СЕ БЛИЖИ ДЕНОТ НА ЖЕНАТА: Какво цвеќе најчесто се купува за 8-ми март и по која цена?

Објавено во: Македонија 04 Март, 2025 07:58

Добивај вести на Viber

Се наближува 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, а по тој повод се подарува и цвеќе на припадничките на понежниот пол. Дел од цвеќарниците сега ги нарачуваат количините цвеќе за празникот, но останува праксата од претходните години, дека најевтин е каранфилот, кој во внатрешноста може да се најде за 50 или 60 денари, а во главниот град е од 100 денари па нагоре, додека розите се најбарани и тие ќе чинат по 200 или 250 денари.

Најбарана и најскапа за разлика од другите рози е црвената. Но, луѓето имаат навика да купуваат и саксиско цвеќе. Генерално, луѓето имаат скромен буџет и се трудат да купат поевтино цвеќе.

„Розите ќе чинат од 200 до 250 денари. Обично луѓето купуваат по една роза. Каранфилите се поевтини, по 100 до 150 денари, но розите се најпопуларни“, објаснуваат од скопска цвеќарница.

Посебно жените се информирани околу различните видови на цвеќе и се трудат да добијат максимум за парите кои ќе ги потрошат, односно ако земаат цвеќе во саксија веќе знаат колку време истото ќе го краси домот.

„Каранфилот е најевтин, кај нас чини 50 денари, а розата е 200 денари. Розите најчесто ги купуваат и тие се еден своевиден симбол на 8-ми Март. Не може генерално да се каже, има луѓе што земаат еден цвет, има и други што земаат букет. Букетот може да чини скапо, зависи кој што сака, каков вид на цвеќе ќе избере. Има и случаи кога доаѓаат од фирмите и земаат 50 рози за 50 вработени. Цената е таа, 200 денари сосе декорацијата. Земаат и саксиско цвеќе, кое чини од 180 денари па нагоре“, објаснуваат од струмичка цвеќарница.

Во помалите места во земјава, објаснуваат дека во цвеќарниците се купуваат поевтините цвеќиња.

„Најевтин е каранфилот кој до лани беше 50 денари во Прилеп, а годинава може цената да се зголеми на 60 денари. Розата се бара, букет од рози си купуваат или гербер поединечно. Орхидеите ги купуваат и цвеќињата што се попристапни, синолички, нешто од 250 до 400 денари, некоја нормална цена. Зумбулот е 120 денари. Сите саксиски цвеќиња се повеќегодишни, нив ги бараат често. Им одговара и цената. Анториумот во една хартија, перфектно изгледа, за 250 до 350 денари може да се земе. Оваа година 8-ми Март се паѓа во сабота, има континуитет на купување, посебно во петок и сабота. Секоја година е различна. Ако празникот се паѓа во работен ден, работа има, а ако е за време на викенд, мојата пракса е дека за 30 отсто е помала потрошувачката. Кај розите, црвената е најскапа, секогаш е така, а бела, розева, циклама, тие се поевтини“, вели Лидија Николовска, сопственичка на цвеќарница во Прилеп.

Непосредно пред празникот, навалица има и на цветните пазари. Медиумите пишуваат дека и во Европа има вистинско „цветно лудило“ за 8-ми Март. Земји во кои луѓето најмногу купуваат букети цвеќе се САД, Германија, Холандија, Франција, Британија, Бразил, Јапонија и Италија. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/KamranAydinov

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“