СЕ БОРИ СО КОНКУРЕНЦИЈАТА, ПРЕБРОДИ И БАНКРОТ: Како познатиот Converse стана најбаран светски бренд во светот?
Објавено во: Финансии 24 Август, 2018
Познатите светски јавни личности и покрај различните стилови кои ги имаат и бројни светски брендови со кои имаат склучени договори со вртоглави суми, сепак со задоволство им се враќаат на популарните старки , кои за кратко време од претприемачки потфат станаа еден од најбараните светски брендови.
Корените на Converse
Оригиналната Converse фирма ја основал Маркис Милс Конверс во Масачусетс во 1908 година и ја нарекол „Converse Rubber Shoe company“. Првите неколку години компанијата, која во почетокот правеше само гумени чевли за мажи, жени и деца, била доволно профитабилна, што го поттикнало создавањето на Converse како препознатлив бренд. Пресвртот во развојот на оваа компанија бил во 1917 година кога Converse почнал да прави кошаркарски патики. Фирмата тогаш го променила името во „Converse All Stars”.
Кога кошарката во 1936 година е зацврстена во олимиски спортови, патиките кои дотогаш биле познати само во потесните кругови на јавноста, доживеале целосна експанзија, која кулминирала откако Америка ја победи Канада на еден натпревар.
Чак Тејлор - човек кој е заслужен за блескавиот успех на старките
Откако брендот се одомаќинил во кошаркарската арена, тогаш популарниот кошаркар Chuck Taylor - Чак Тејлор влегол во оваа компанија жалејки се на болка во нозете. Воодушевен од удобноста на овие патики, Taylor се согласил да ги носи и промовира.Ова е шанса за која претприемачите главно сонуваат. Кога позната личност ќе тропне на вашата врата и од вас ќе побара помош, искористете ја таа шанса на најдобар можен начин.
Откако произведувачот ги усвоил сугестиите на Тејлор за креирање на нови модели патики, тие го добиле и неговиот препознатлив потпис на зашиена етикета. Историски гледано, неговите патики беа само во црна и бела боја, но денес може да се најдат во комбинации на боја која и да ја посакате.
Конкуренција и стечај
Во доцните 1990-ти, компанијата се соочува со многу пречки поради зголемениот број брендови за обувки на пазарот. Потеклото на Reebok го забави развојот на Conversе, што се рефлектирало на нивниот бизнис.
Иако банкрот е една од најтешките ситуации со кои може да се сретне некоја компанија, Converse ја искористил оваа ситуација на вистински начин.
Постојат два исхода - или компанијата ќе банкротира или мора да подлежи на реорганизација под условите предвидени во планот. Старките престанаа да бидат официјални чевли на Националната кошаркарска асоцијација, а компанијата објави банкрот на 22 јануари 2001 година.
Сепак, се поставува прашањето за тоа како Converse излезе од оваа битка како победник?
Враќање на големата врата
Само три месеци откако компанијата објави банкрот, Марсден Кајсон и Бил Симон ги стекнаа правата на оваа компанија и повторно ја оживеаа. За само три години Converse успеа да се пробие од 16тото место од најголемата компанија за чевли на 7-то место!
Покрај финансиската поддршка што компанијата ја добила, главната причина зошто тоа всушност воскресна од пепелта е квалитетот на нејзините производи, што на многумина светски компании им е главен адут во борбата за влијание на пазарот.
Иако старките на почеток се правеа само од гумени материјали, денес тие се направени од кожа, антилоп, винил, па дури и коноп, а една од најтешките одлуки на сите љубители на старки е - дали да купат плитки или длабоки.
Неопходен додаток на многу познати личности
Converse може да ги видите на нозете на најпознатите светски личности - кошаркари, спортски ѕвезди, рок и поп икони ... Некои од исконските обожаватели на старките се Аврил Лавињ, Џесика Алба, Кристен Стјуарт, Кендал Џенер, Ријана, Леброн Џејмс и многу други.
Услугите на познати личности за рекламирање на нивните производи ги користат најголемите светски компании, па Converse не заостанува зад нив. Ова е уште еден главен принцип на кој се базираат бројни маркетинг кампањи од највлијателните брендови.
Што можат претприемачите да научат од успехот на Convers?
Не е неопходно да се инвестира премногу за да се започне бизнис. Добри сугестии, како оние што ги дал Чак Тејлор на продуцентите на Convers, се клучни за сè. За да се изгради квалитетен и препознатлив бренд, мора трпеливо да одите чекор по чекор. Како кога ќе градите куќа па ставате цигли по цигла. Токму тоа го правел и Convers на кој претприемачите, менаџерите за односи со јавноста, експертите за маркетинг и многу други би можеле да учат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.