18 Декември, 2025
0.0927

СЕ ЧЕКА ДА ПОМИНАТ ИЗБОРИТЕ: Владата била сериозно заинтересирана за решавање на спорот со Бугарија

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2025 14:19

Добивај вести на Viber

Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност и заинтересираност по изборите да се преземат конкретни чекори за надминување на спорот со Бугарија, изјави денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот фински колега Јоаким Странд. Муртезани нагласи дека веќе има конкретни размислувања како тоа да се направи, но не сакаше да открие повеќе поради тоа што во моментов тече кампањата за локалните избори и напомена дека сето тоа може да се извади од контекст.

Тој ова го посочи одговарајќи на новинарски прашања да даде коментар на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека по Нова година ќе има придвижување во процесите со Софија, но и за тоа што точно се планира да се преземе.

-Претседателот на Владата во неколку наврати јавно изјави дека по завршувањето на изборите, односно со почетокот на Новата година се очекува да има конкретни чекори во надминување на спорот со соседна Бугарија. Мислам дека во моментов, бидејќи се наоѓаме во изборна кампања се што ќе кажеме може да се стави во одреден контекст и да го наруши и да му наштети на процесот. Тоа што е битно и што е главната порака на ваквите изјави е дека кај премиерот и кај Владата постои сериозна одлучност и заинтересираност после изборите да се направат конкретни чекори за надминување на овој проблем. Тоа што можам сега да кажам е дека има размислувања за тоа какви чекори треба да се преземат, но целиот фокус сега е на изборната камапња и не може да се очекува тие размислувања да добијат форми на конкретни предлози, истакна министерот за европски прашања.

Тој на денешната прес-конференција со неговиот фински колега посочи дека односите меѓу двете земји имаат динамика и континуитет, како и иднина што се гради врз доверба и заеднички европски вредности.

На средбата двајцата министри разговараме за клучните теми за иднината на земјава и регионот, при што Муртезани го информирал Странд за процесите поврзани со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој, како што кажа не е само финансиски инструмент, туку и стратегија која ја приближува нашата економија и институциите до ЕУ и пред да станеме членка.

-Со усвојувањето на Реформската агенда ние како Влада се обврзавме на темелни реформи во владеењето на правото, ефикансоста на јавната администрација, дигитализацијата и енергетската отпорност. Тоа не се апстрактни поими, туку конкретни чекори, кои ќе донесат подобар квалитет на животот на граѓаните, рече Муртезани.

Тој изрази благодарнот за принципиелната и доследна поддршка, што Финска и ја дава на земјава, при што напомена дека финските искуства во повеќе сфери се од исклучително значење за нашиот пат кон ЕУ.

-Високо ја цениме улогата на финските експерти во реализираните твининг проекти и подготвеноста оваа соработка да се прошири во нови области како дигиталната трансформација, медиумите и иновациите, рече Муртезани.

Тој нагласи дека не разговорите било констатирано дека процесот на проширување е повеќе од техничка постапка, тоа е стратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот регион.

-Особено ја цениме позицијата на Финска, јавно и доследно изразена дека проширувањето мора да се темели на заслуги и дека придобивките од интеграцијата се заеднички и за земјите кандидати и за самата Унија, нагласи Муртезани. 


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија