27 Декември, 2024
0.0309

СЕ ДЕЛЕЛЕ „ШАКОМ И КАПОМ“ НАДОМЕСТОЦИ ВО НЕКОГАШНОТО СЈО, ДУРИ 4,6 МИЛИОНИ ЕВРА - ревизорите велат - тоа било надвор од законите

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Надоместоците кои се делеле во некогашното Специјално јавно обвинителство во периодот од 2015 до 2019 година, не биле во согласност со законоте. За жал, јавноста нема да дознае никогаш кој обвинител точно колку пари зел, затоа што се работи за класифицирани информации.

Но, од Државниот завод за ревизија кој денеска го објави извештајот, единствено откриваат дека надоместоците биле во многу висок и проблематичен износ, односно дури 4,6 милиони евра, за почитување на принципот на тајност.

Специјалните обвинители од поранешното СЈО добиле додатоци во 2015 година поголеми од нивните плати, а во период од јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност добиле вкупно 282.896.000 денари односно околу 4,6 милиони евра, за кои нема законско покритие, утвридил државниот ревиозор“', се вели во соопштението од ДЗР.

Понатаму во ревизорскиот извештај не се соопштува како и кому биле делени овие надоместоци.

Додатоците на плата, пак, генерално биле законски, освен во неколку месеци од 2015 година. Платите, пак, биле исплаќани во согласност со законите. 

Ова е констатирано во ревизорскиот извештај кој го правел Државниот завод за ревизија на платите, додатоците и надоместоците од плата кои се делеле во поранешното СЈО за периодот од 2015 до 2019 година.

Ревизорите велат дека кога станува збор за платите, остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата, се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти. 

Ова се однесува на обвинителите и вработените во јавнообвинитеклската служба, чии плати биле точно пресметани во однос на коефициентите и бодовите со кои се обезбедува вреднување на соодветниот степен на образование, работното место и работното искуство, и тие се во согласност со законите.

„Исто така, утврдивме дека освен утврдените состојби кои се однесуват на исплатените додатоци за 2015 година, остварувањето на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплтата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, се вели во извештајот од ДЗР. 

Односно, освен во 2015 во другиот период додатоците се утврдувале во согласност со законските лимити. 

„Истакнуваме дека износот на исплатените додатоци за 2015 го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. За овие додатоци на плата не се пресметани и исплатени придонеси за социјално осигурување, односно истите имале третман на надоместок за кој СЈО има платено само персонален данок на доход“, се наведува во извештајот.

Ревизорите констатирале дека за периодот од септември до декември 2015 година, по основ на додатоци на плата на Јавниот обвинител, Катица Јанева, како и на другите јавни обвинители во СЈО, се исплатени пари во вкупен износ од 2.185.000 денари или 35,5 илјади евра. Висината на наведените додатоци е уредена со Правилник со кој се утврдени доадотоци, и тоа - додаток за посебни услови за работа во нето износ од 15 илчјади денари, за постоење на висок ризик од 25 илјади денари, како и доадток за доверливост од 30 илјади денари. 

На 09.02 2016 година, по донесувањето на Законот за измени и дополчнување на законот за платите на јавните обвинители во декември 2015 година, јавниот обвинител на СЈО има донесено нов правилник со кој додатоците на плата на јавните обвинители се утврдени во проценти од основната плата и истиот започнува да се применува со испалктата на плата за март 2016 година. Заклучно со платата за август 2019 година, на јавните обвинители исплатени се средства во вкупен износ од 14.019.000 денари, по основ на додатоци, во согласност со законската регулатива. 

Ревизијата истакнува дека со ваквиот начин на утврдување на висината на додатоците во 2015 година, износот на исплатените додатоци го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. 

„Во однос, пак, на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата, утврдивме дека истите не се во согласност, во сите матерјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, велат од ДЗР. 

Додаваат дека констатираните состојби кои се однесуваат на правото на други надоместоци, произлегуваат од информациите кои имаат степен на класификација, и се дел на посебен извештај. 

Значи, тоа јавноста нема да го дознае.

Додатоците и надоместоците на плати на јавнообвинителските службеници, пак, во СО биле уредени со одредбите од Законот за јавнообвнинителската служба. Согласно член 120-к од законот, исклучителната компонента на платата ја сочинуваат додатокот на плата за доверливост и додатокот за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа. 

„Исто така, согласно член 120-л е утврдено дека износот на наведените додатоци  же изнесува кумулативно во висина до 35 отсто од износот на основната плата. Јавниот обвинител на СЈО утврдува кај кој од јавнообвинителските службеници постојат посебни услови за работа, висок ризик или доверливост, како и процентот на додатоците“, се вели во извештајот и се нагласува дека од март 2016 до август 2019 на сите јавнообвнителски службеници им е доделено право на додаток, за што се исплатени средства во вкупен износ од 31.034.000 денари, согласно законската регулатива. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Левица: Вваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата

Левица: Вваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата

А ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ ЗЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ? Прочитајте ги нивните препораки

А ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ ЗЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ? Прочитајте ги нивните препораки

КОЈ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“? Конечно се откриени артистите

КОЈ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“? Конечно се откриени артистите

ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!

ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ: Зошто нема еуфорија?

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ: Зошто нема еуфорија?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство