СЕ ДВИЖИМЕ КОН ДРАМАТИЧЕН НЕДОСТИГ ОД РАБОТНА СИЛА, НИ ТРЕБААТ ПОВЕЌЕ ДОСЕЛЕНИЦИ - германски министер предупредува
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2022
„Ние влегуваме во драматичен недостиг од експерти и генерално работна сила ако не реагираме порешително“, кажа министерот за економија Роберт Хабек од Зелените.
Додаде дека Германија треба да ги засили програмите за квалификација и да го интензивира доселувањето на работна сила.
Укажа на загрижувачкиот податок според кој десет отсто од учениците не завршуваат средно стручно образование.
„Тоа е застрашувачка бројка, тоа не смее така да остане. Ако зборуваме за недостиг од експерти, ова е првата тема која мора да ја отвориме“, истакна Хабек.
Според најновите проценки, на Германија во моментов ѝ недостигаат 1,2 милиони работници, од кои две третини стручни. Најголемиот недостиг е во ИТ, угостителскиот и медицинскиот сектор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.