Се формира нова албанска партија - Што ветува „Самоопределување“ во Македонија?
Објавено во: Македонија 15 Март, 2023 07:10
На македонската политичка сцена ќе настапи нов
политички субјект во албанскиот блок. Станува збор за партијата „Национално
Самоопределување“ (ВВК) по теркот на движењето на Албан Курти кој ја освои
власта и премиерската функција во Косово.
Како клучен постулат на новата албанска политичка понуда во земјава е принципот на „еднаквост во одлучувањето“ и „радикалната промена на политичкиот систем“ за да се постигне целосна рамноправност меѓу Македонците и Албанците. Основач на новата партија е политикологот Невзат Дервиши од Гостивар.
„Во држава со две поголеми етнички заедници како што е Северна Македонија, единствената формула е еднаквост на сите државни нивоа“, вели Дервиши.
Долгоочекуваната политичка пролет
По победата на Албин Курти и „Самоопределување“ во 2019 година на централните избори во Косово се говореше за можна политичка пролет и во соседните земјите со политичките понуди на Албанците во Македонија и Албанија.
Дури и самиот Курти најави дека партии со предзнакот „Самоопределување“ ќе се формираат и во регионот, но до тоа барем до неодамна, не дојде.
Токму сега се формира нова партија со очигледно „брендирање“ од север, која го поставува како основа принципот на консензуалност или подиректно кажано опцијата за „вето“.
Така одлуките на државно ниво, ако се исполни визијата на Дервиши ќе се носат со т.н. врзани потписи и практично секоја одлука може да ја блокира албанскиот политички претставник во власта, на сите нивоа.
Расцепкана опозиција, нови аптетити
Албанската опозиција во Македонија е речиси целосно компромитирана од досегашните партнерства со Ахмети и ДУИ во владите на Заев и Ковачевски. Речиси сите партии изротираа, малку на власт, малку на опозиција и за повеќето од нив ќе биде тешко да се соочат со „стариот лисец“ на следните избори, особено по „големиот триумф на Груби“ кој ноншалантно играше фудбалче во својот кабинет.
„Политичката сцена во РСМ е пренатрупана со партии, и во македонскиот и во албанскиот блок. Меѓутоа, тоа не треба да значи дека нема простор за нови партии, ако се формират од луѓе кои знаат да допрат до „нервот” на електоратот со добро подготвена политичка програма. Времето ќе покаже дали Дервиши и неговата екипа ќе успеат да го постигнат тоа“, вели новинарот Исен Салиу.

Дел од досегашните коментари се и негативни, или како што пишуваат критичарите на социјалните мрежи „повеќе има партии отколку Албанци“.
Вообичаено за албанските партии кои се опозициски, и реториката на ВК делува провокативно и може да се насети етноцентризам базиран на некаква идеја за федерализација на Македонија, како можеби единствен преостанат национален проект за Албанците.
„Сакам да му честитам на албанскиот народ во Северна Македонија, дека со Националното самоопределување, на народот ќе му се даде можност да ги постави темелите на внатрешното самоопределување во државата со право да одлучува, спроведувајќи го во пракса механизам на Институтот за контрапотпис (контрапотписи“ изјави Дервиши.
„Националната карта“ е единствениот потег на ВК кога ДУИ веќе успеа да спроведе се што беше одамна посакувано како идеја на Албанците за рамноправна застапеност, во власта на локално и централно ниво, во употреба на јазикот, во раковедење со институциите и буџетот, образованието, културата и спортот.
Х.С.Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




