„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Објавено во: Македонија 24 Април, 2024 23:05
Вечерва на прес конференција, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски им се заблагодари на граѓаните што гласаа во првиот круг. Како што рече, задоволен е што гласањето поминало во мирна и демократска атмосфера.
„Се надевавме на подобри резултати но јасно е дека луѓето не казнија и тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија. Не е доцна да се смени правецот. Нема да се откажеме од европската иднина, имаме уште две недели да ја испратима пораката до секој град, село, куќа, човек, дека единствениот начин за промена е европската интеграција на земјата. Знаеме дека луѓето се уморни од европскиот пат, знаеме дека многумина сметаат дека Европската унија не ги одржала своите ветувања, но нема друга опција освен земјата да биде дел од ЕУ и не постои друг пат освен интеграцијата, време е да ги ставиме на страна сите разлики и да се обединиме зад идејата за европска иднина“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека ако ја пропуштиме шансата ќе треба далеку повеќе време да ја вратиме земјата на вистински пат.
„Знам дека поддржувачите се разочарани. Но, имаме две недели, ќе бидам на терен секој ден со вас, сите тука кои се до мене ќе бидат на терен секој ден. Ќе работиме да ја добиеме подршката за европска Македонија и нема да се откаежеме и да ги наведнеме главите. Ќе се бориме додека не победиме“ рече тој.
Ковачевски му упати и порака на Пендаровски.
„Ова е наша заедничка борба, ќе се боиме заедно рамо до рамо, ова е најважната битка за македонската иднина. Борбата за европска Македонија продолжува и на 8 мај, во вториот круг на претседателските и парламентарните избори. Се гледаме за две недели! Да живее европска Македонија“, рече тој.
Можеби ќе ве интересира
НАЈЧЕВСКА: Mора да се побара оставка од министер за внатрешни работи кој промовира и штити насилство над жена

ДАНЕЛА ГО ДЕМАНТИРА АНДРЕЈ КОВАЧЕВ: Имам чешки пасош, бугарски немам

Дали кај младите во Македонија постои страв од брак?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maж во Чаир ја нападна Данела Арсовска, партиите го осудија инцидентот

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ СЕ ПИШМАНИ: Сепак нема да има музика на плоштадот

АПАСИЕВ ДО МИЦКОСКИ: До кога ќе слугуваш на битангите од „Вреди“?

ЈАКИМОВСКИ: Барам веднаш одговорност – од МВР, од обвинителството, од сите што молчат ко да не им е гајле!

ФАТЕН НА ЛИЦЕ-МЕСТО: Жител на Огњанци предизвикал пожар на депонија

(ВИДЕО) ДАНЕЛА ОБЈАВИ СНИМКА ОД ТЕПАЊЕТО ВО ЧАИР: Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК
