17 Декември, 2025
0.0923

Се гради, а не се продава – „Паѓаат“ цените на становите во Скопје

Објавено во: Економија 31 Јули, 2013 14:31

Добивај вести на Viber

Цените на становите во Македонија ќе се намалуваат, затоа што голем е бројот на новоизградени станови во Скопје. Најголем дел од непродадените станови во Скопје се во општините Аеродром, Центар и Kарпош. Последниве две години забележан е пад на побарувачката на станови, а зголемен е бројот на новоградби на станбен простор.

Според Државниот завод за статистика лани цените на становите „паднале“ за речиси 5 отсто. Тој тренд е регистриран и годинава.

Во просек, денес цените на становите во скопската општина Центар се околу 1.200 евра за еден квадратен метар, а во Аеродорм околу 900 евра за квадрат.

Изградбата на карабината на двата облакодера со по 42 ката во населбата Аеродром во Скопје, кои ги гради турската компанија „Џеваир Холдинг” веќе е при крај. Од компанијата најавувааат дека во август ќе почне продажбата на станови во овој станбен комплекс. Темелите и плочата се поставени и за вторите два солитера. Првите две згради ќе бидат вселиви до почетокот на 2015 година.

Во секоја кула ќе има по 344 стана или вкупно 1.376 станови и во нив ќе живеат 6.000 луѓе.

Во домашните агенции на недвижности велат дека очекувањата на купувачите за драстични поместувања не се реални. Подолго од една година понудата е поголема од побарувачката, а трендот ги зафаќа и новоградбите и старите станови и куќи. Летото е период во кој купопродажбите на недвижности се зголемуваат, па агенциите очекуваат поголемо раздвижување и намалување на разликата меѓу понудата и побарувачката.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас