03 Јануари, 2025
0.0289

СЕ ХРАНАТ СО ТОСТОВИ, ЖИВЕАТ СО МИРИСОТ НА ВЛАГА: Студентите раскажаа за животот на идните академски граѓани

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Делумен договор е постигнат, но се уште нема крајно решение за достоинствен живот на студентите во Македонија, велат соговорниците на Фактор во однос на последните студентски протести и изразувањето незадоволство поради, како што велат субстандардните услови во кои живеат, а од кои треба да произлезат следните генерации академски граѓани.

Горан Ф, студент во втора година на УКИМ кој е сместен во студентскиот дом „Стив Наумов“ подетално раскажа како е да се биде студент во Скопје и да се живее во судентски дом. Најголем проблем според него е одржувањето на личната хигиена поради тоа што тоалетите се во исклучително лоша состојба, додека во однос на студентската менза нема поплаки.

-Би можел да кажам дека иако условите се стандардни за еден стиденски дом, тоалетите се во лоша состојба и условите за лична хигиена се ограничени. Проблем е и тоа што приватноста во тоалетите е исто така ограничена бидејќи вратите не се затвораат целосно. Собата е мала но сепак условите за живот во неа се стандардни, но не се перфектни. За храната не можам да се пожалам бидејќи мензата функционира нормално и храната е во нормална количина за еден оброк. Сепак, ова што досега е направено е недоволно и не е крајно решение за да имаме навистина достоинствен живот. Никој од нас кој дошол тука првенствено да учи не бара луксуз, но крајно време е веќе да се надминат овие проблеми, вели тој во раговорот за Фактор.

Некои од студентите не ни размислуваат да аплицираат за соба во некој од студентските домови токму поради тоа што знаат во какви услови се оставени со години, па и децении. Се нема доволно за стан под кирија, нашите родители не можат се да покријат, посочуваат тие, нагласувајќи дека досегашната помош од 2.400 денари им била дел од станарината.

-Паричната помош во износ од 2.400 денари која ја добивавме извесен период многу ни помогна. Голем дел од нас ја надополнуваа сумата за кирија. Не се живее во студентските домови. Навистина дел од нив веќе се реновирани, но за да се добие една од убавите соби треба да се има врски и за тоа. Вака некако се собиравме по тројца-четворица цимери во еден стан и си плаќавме ќирија. Колегите кои ни се од Скопје, пак, имаа други бенефиции. Овие пари им помагаа да се справат со накачувањето на цените на сите продукти во маркетите. Иако не е голема сума, на многу студенти им го олеснуваа секојдневниот студентски живот. Во разговор со колеги кои живеат во домовите знам дека најмногу поплаки има од оние кои се сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“: недоволна хигиена во тоалетите, поплави, влага, протечени цевки. Во Пелагонија се реновирани собите, но сепак се премали за 4 студенти. За учење најчесто студентите одат во јавните библиотеки. Многу често и нема доволно храна за сите студенти во студентските мензи, снемува за оние кои ќе дојдат последни, а квалитетот на храна е многу низок. Субвенциите за оброк моментално можат да ги олеснат условите за јадење, но сепак не се доволни за цели три оброка во денот. Земајќи ја во предвид моменталната инфлација во државата, за 120 денари дневно, студентот може да си дозволи само еден среден оброк, некое лиснато/тост и сок/вода. Покрај тоа, викендите не се вклучени во дневниот оброк, студентите треба целосно сами да плаќаат за време на викенд ако не отидат дома, вели Стефан Р.

Од овие причини, а и покрај тоа што вчера меѓу студентските сојузи, министерот за образование и дел од пратениците беше постигнат договор за студентскиот оброк, движењето „Студентски отпор“ за утре најави марш. Во нивната објава на Фејсбук посочуваат дека  не се задоволни од конечниот резултат и донесените одлуки и уште еднаш ги нагласија нивните барања:

-Зголемување на сумата од 120 на 150 денари за студентски оброк,

-Израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите,

-Реновирање и обезбедување нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови,

-Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот