Се јави адвокатот на Груевски: Ни останува уште да поднесеме иницијатива
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2018 16:53
Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски, Димитар Дангов, за ТВ21 дека сите правни лекови се исцрпени пред одењето на екс-претседателот Никола Груевски на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, а како можност преостанува уште само да се поднесе иницијатива до Јавниот обвинител на Република МАкедонија.
„На одлуката на Кривичен совет немаме право на жалба до Врховен суд. Имаме можност да поднесеме иницијатива до Јавниот обвинител на РМ. Тој како надлежен може да поднесе барање за заштита на законитоста. Поради овој рок, нашата иницијатива ќе ја поднесеме најбрзо што можеме, веднаш по приемот на решението“, изјави Дангов.
Решението Груевски уште не го примил, откако вчера курирот не го нашол дома за да му го врачи лично, па на судот од понеделник му преостанува или да го чека во Кривичен за случајот „Титаник“, или поради избегнување на казната да му испрати присилно полициско приведување.
„Иницијативите не се сметаат за ефикасно правно средство бидејќи многу ретко ги прифаќа Јавното Обвинителство. Имаме мислење и од Комисијата за дискриминација во кое се советува Суд 1 – Кацарска да ги отстрани недостатоците од мислењето и да извести што има преземено во рок од 30 дена. Истото се доставува и до Републичкиот судски совет. Кацарска има овластување и таа самата да го одложи почетокот на казната затвор од причините во мислењето. Поднесеното барање до Врховен суд поднесено на ден 24.10.2018 година во моментов се наоѓа кај Кацарска иако таа требаше веднаш да го прати“, изјави за ТВ21, адвокатот на Груевски, Димитар Дангов.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




