29 Март, 2023
0.0282

СЕ ЈАВИ ОДБРАНАТА НА МИЈАЛКОВ, ОБВИНУВААТ ЗА ХАЈКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК - претседателот и министрите не треба да носат судски одлуки

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Одбраната на господинот Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа што е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда, се вели во реакцијата на адвокатската канцеларија

„Во текот на целата главна расправа, одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и без докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд.

Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје, кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот, се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.

Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува „загриженост“ или „згрозување“ од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт, која мора да биде независна.

Уште позагрижувачки е што таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.

За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур, бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.

Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“, се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ за падот на ЕУ-ентузијазмот во анкетите: Граѓаните не се против, туку само се разочарани

Маричиќ за падот на ЕУ-ентузијазмот во анкетите: Граѓаните не се против, туку само се разочарани

Се огласи Вело Марковски: На мало и недоволно дехидрирано дете не му се дава инфузија одеднаш

Се огласи Вело Марковски: На мало и недоволно дехидрирано дете не му се дава инфузија одеднаш

Утре ќе се гласа за предлогот Владата времено да ја превземе Универзална сала

Утре ќе се гласа за предлогот Владата времено да ја превземе Универзална сала

(ВИДЕО) Битолчани масовно, започна протестот за смртта на Јана

(ВИДЕО) Битолчани масовно, започна протестот за смртта на Јана

Училиште во Мала Речица исклучено поради неплатени сметки за струја

Училиште во Мала Речица исклучено поради неплатени сметки за струја

Кривична пријава за одгледувач на канабис за медицински цели од Гевгелија

Кривична пријава за одгледувач на канабис за медицински цели од Гевгелија

Владата со нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители

Владата со нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители

Битолското обвинителство повикува лица на разговор, се чекаат извештаите за смртта на Јана

Битолското обвинителство повикува лица на разговор, се чекаат извештаите за смртта на Јана

Синот на Талат Џафери стана обвинител со диплома

Синот на Талат Џафери стана обвинител со диплома