Се менува бројот за кориснички услуги на Македонски Телеком и Т-Мобиле
Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2012 12:20
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија воведуваат нов, заеднички број за кориснички услуги. Отсега, бројот за приватни корисници за двете компании ќе биде 122, а за поддршка на бизнис корисниците 120. Досегашните броеви за T-Home корисниците: 171, 170, 177 и 080012345 ќе бидат активни паралелно со новите броеви извесен период.
Адресата на е-поштата на контакт центарот на Т-Мобиле останува ист kontakt@t-mobile.mk, a на Македонски Телеком од 171@telekom.mk се менува во 122@telekom.mk .
Воведувањето на еден заеднички број за двете компании е во корист на корисниците кои сега на едно место и со вртење само на еден број ќе можат да дојдат до сите информации кои им се потребни.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




