24 Ноември, 2024
0.0315

СЕ МЕНУВА ТОПТАН БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ПРИЛЕПСКИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ - Владата ќе одбере нови повереници, имињата засега се во тајност

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

По ГТЦ, на ред дојде и Тутунски комбинат од Прилеп. Акционерските друштва каде што Владата е мнозински сопственик, ги менуваат досегашните членови на управните одбори, поставени од претходната власт.

Прилепскиот тутунски комбинат ќе ги менува членовите на Управниот одбор, но не се знае, барем јавно, кои лица ќе дојдат на нивните позиции.

За 4 ноември годинава е закажано Собранието на акционерите на овој комбинат, а на него се ставени одлуки за отповикување на старите и за избор на новите членови на Управните одбори.

Овие одлуки, како што се наведува во јавниот повик за одржување на Собранието на акционери, ги предлага доминантниот акционер на Тутунски комбинат Прилеп, а тоа е Владата.

На предлог на Владата треба да се отповикаат следниве членови на Одборот на директори: Зоран Пачешкоски, Гоце Котески и Горан Тодоров, кои се извршни членови на Бордот, потоа Сретен Богоески и Миле Велкоски, кои се независни и неизвршни членови, како и Златко Сарев и Милаим Амеди, кои се неизвршни членови.  

Во образложението за отповикување на сите овие членови е наведено дека Собранието може да ги отповика сите членови на Одборот на директори, односно на Надзорниот одбор, односно член на овие органи и пред истекот на времето за коешто биле избрани. За одлуката за отповикување е потребно мнозинство гласови од акциите со право на глас, претставени на Собранието, освен ако со статутот не е определено поголемо мнозинство. Со статутот можат да се определат и други услови за усвојување на одлуката.

А, за одлуките се наведува дека стапуваат во сила веднаш од денот на нивното донесување.

Во предлогот за именување на нови членови на Бордот, пак, не се наведени имиња на новите предлози за највисокото раководство на комбинатот, а во образложението само стои дека тие ќе се изберат со мандат од четири години, како и дека членовите на Одборот на директори и членовите на Надзорниот одбор ги избира собранието со мнозинство гласови од акциите со право на глас од кворумот определен за работа на Собранието.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?