13 Јули, 2025
0.0333

СЕ МЕНУВААТ ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ ЗАРАДИ СИСТЕМОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ - ќе се одземаат возила, ќе имаа и поригорозни казни

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2025 11:09

Добивај вести на Viber

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој на  прес-конференцијата за резултатите на МВР и сработеното за изминатата година одговорајќи на новинарско прашање за системот Безбеден град што треба да стартува од 1 јануари 2026 година најави поригорозни мерки за прекршоци во сообраќајот, меѓу кои и со конфискација на возило.

- Кривичниот законик не е дирекнто поврзан со системот, но неговата измена и разграничување што е кривично дело, а што прекршок е клучна за да можеме да делуваме превентивно и во насока на она што сакаме да го оствариме, а тоа е намалување на бројот на собраќајни незгоди и намалување на бројот на човечки загуби. 

Бидејќи граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина во однос на оние кои сообено безобзирно управуваат со моторни возила надвор од секаков разум ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило - рече Тошковски.

Оцени дека во земјите каде овој систем е имлементиран има видливи резултати и најави дека ќе има и во државава.

- Овој проект е отпочнат пред многу години, за жал неговата функционалност не е видлива до ден денеска, отпочнат е пред повеќе од ако не се лажам десетина години, надоградуван е од страна на претходната влада, надограден е и дополнително во последната година дена и се надевам дека конечно резултатот од истиот ќе го видиме, рече министерот.

Додаде дека во однос на вкупната сума за „Безбеден град“ нема информации, но забалежа дека „е сигурно многу“. 

- И затоа греота е што досега не бил ставен во функција така како што требало, жално е, но ние ќе го ставиме во функција и граѓаните конечно ќе го видат бенефитот затоа што потенцијал има огромен - подвлече Тошковски. 

Во отчетот министерот Тошковски рече дека се уште не е задоволен од фактичката состојба во сообраќајот. 

-  Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на  улиците. Ова е едно од најважните работи на кои работиме - порача министерот за внатрешни работи, Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола

НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола

ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево

ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево

СЕ ОГЛАСИ ПОЛИЦИЈАТА: Еве како се случило двојното убиство и самоубиство во Прилеп

СЕ ОГЛАСИ ПОЛИЦИЈАТА: Еве како се случило двојното убиство и самоубиство во Прилеп

OJO ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Го убил внукот и син му поради нерасчистени имотни прашања

OJO ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Го убил внукот и син му поради нерасчистени имотни прашања

АКО ТРГНУВАТЕ НА ПАТ: Се чека на Табановце

АКО ТРГНУВАТЕ НА ПАТ: Се чека на Табановце

Српските медиуми пишуваат дека „паднал системот“ на македонските граници, имало километарски колони

Српските медиуми пишуваат дека „паднал системот“ на македонските граници, имало километарски колони

УБИЕЦОТ ГО НАЈАВИЛ ЗЛОСТОРСТВОТО НА ФЕЈСБУК: Двојно убиство и самоубиство се случило во Прилеп?

УБИЕЦОТ ГО НАЈАВИЛ ЗЛОСТОРСТВОТО НА ФЕЈСБУК: Двојно убиство и самоубиство се случило во Прилеп?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Данела доби 24 часовно полициско обезбедување, а напаѓачот оди во куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Данела доби 24 часовно полициско обезбедување, а напаѓачот оди во куќен притвор

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите