Се намалува персоналниот данок во ИКТ, трошоците за тим билдинг ќе бидат даночно признат расход
Објавено во: Економија 27 Септември, 2020 08:25
Четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата ќе биде објавен денеска, а дел од мерките ќе бидат даночни олеснувања за одредени сектори. Владата планира од следната година повеќе расходи на фирмите да бидат даночно признат расход. Денеска ќе бидат обелоденети дел од нив, а тие ќе бидат со важност од следната година.
Така од 1 јануари следната година расходите за приватно здравствено осигурување ќе добијат третман на даночно признат расход. Исто така ќе се сметаат и трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар. Од 1 јануари 2021 година, за даночно признат расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг.
Според планот кој ќе биде објавен денеска од 1 јануари 2021 година, данокот на личен доход за доходот во ИКТ секторот ќе се намалува постепено од 10 проценти на 0 проценти до крајот на 2023 година.
Како што веќе објавивме пакетот вреди 350 милиони евра. Предвидува картички за невработени, субвенции за плати за октомври, ноември и декември, пролонгирање на грејс периодот за бескаматните кредити од КОВИД 1 линијата.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна
Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува





