20 Декември, 2025
0.0397

СЕ НУДАТ НАД 24 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - српската Алта банка и официјално ќе достави намера за преземање на 100 отсто од акциите

Објавено во: Финансии 21 Мај, 2025 10:03

Добивај вести на Viber

Како што веќе објави Фактор, српската Алта банка најавува дека има намера да даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола. 

За оваа ценовно чувствителна информација Стопанска банка Битола ја извести Берзата преку транспарентна објава. 

Алта банка има намера да понуди преземање на сите акции, односно на 100 отсто од акционерскиот капитал, а за секоја акција има намера да понуди цена од 3.777 денари за акција. 

„Известуваме дека Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола на ден 20.5.2025 година, согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва доби известување од Алта Гроуп ДОО Београд  дека има намера да даде понуда за преземање до 100 отсто од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола. 

Понудата за преземање до 100 отсто од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција“, се вели во објавата. 

Со оглед што Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции, доколку сите акционери ја прифатат понудата, значи дека српската Алта банка вкупно ќе треба да плати 24,01 милиони евра за Стопанска банка Битола.

„Во добиеното известување стои дека согласно член 26-а од Законот за преземање на акционерски друштва покрај согласностите од домашните тела и институции вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходна согласност од  Народната банка на Република Северна Македонија, понудата е условена и со претходно одобрување на концентрација од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија (Странско одобрение). Во известувањето стои дека ќе биде поднесено и барање за добивање на дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност, по добивање на Странското одобрение, а секако по добивање на согласностите од домашните тела и институции. Доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање. Во однос на Странското одобрение, доколку надлежната институција за давање на Странското одобрение отфрли или одбие издавање на соодветно Странско одобрение, или не го издаде во рок од 12 месеци од објавата на намерата за преземање, Алта Гроуп ДОО Београд ќе извести соодветно согласно член 26-а, став 6 од Законот за преземање на акционерски друштва“, се вели во објавата од Стопанска банка Битола.

Инаку, познато е дека Комерцијална банка нудеше по 3.200 денари за акција на Стопанска банка Битола, што значи дека за сите акции ќе беа платени 20,34 милиони евра.

Но, мнозинството акционери не ја прифати оваа понуда. 

Фактор веќе објави дека српската Алта банка, некогашна ЈУМБЕС банка, има намера да ја купи Стопанска банка Битола.

Сопственик на Alta Pay Group е српскиот бизнисмен Давор Мацура. Тој е и претседател на Управниот одбор на Алта банка, а покрај тоа е и активен во финансискиот сектор во регионот. Под негово раководство, Alta Pay Group стана 100 отсто сопственик на Алта банка.

Извршна директорка на таа банка е Уна Сикимиќ. Бројот на филијали кои ги има Алта банката во Србија е девет, а нејзиниот приближен број вработени изнесува 235.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра