СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите
Објавено во: Финансии 10 Мај, 2025 06:24
Српската Алта банка, некогашната ЈУБМЕС банка, е заинтересираниот и можен купувач на Стопанска банка Битола, дознава Фактор од извори во банкарскиот сектор.
Според пребарувањата на интернет, може да се види дека станува збор за српска комерцијална и инвестициска банка со седиште во Нови Београд во главниот град на Србија. Основана е во 1979 година како ЈУБМЕС банка, а во 2020 година го смени името во Алта банка по промената на сопственичката структура.
Како што сега стои на веб страницата на Банката, вкупниот акционерски капитал на АЛТА банка а.д. Белград се состои од 417.042 обични акции, а сите акции се во сопственост на правното лице, акционер ALTA PAY GROUP doo.
Сопственик на Alta Pay Group е српскиот бизнисмен Давор Мацура. Тој е и претседател на Управниот одбор на Алта банка, а покрај тоа е и активен во финансискиот сектор во регионот. Под негово раководство, Alta Pay Group стана 100 отсто сопственик на Алта банка.
Мацура е исто така познат по своите инвестиции во други финансиски институции, вклучувајќи и купување на околу 30 отсто од акциите на Addiko Bank AG, што ја направи Alta Pay Group најголем поединечен акционер во таа банка.
Извршна директорка на таа банка е Уна Сикимиќ. Бројот на филијали кои ги има Алта банката во Србија е девет, а нејзиниот приближен број вработени изнесува 235.
Во 2024 година нето добивката на Алта банка изнесуваше близу 13 милиони евра. Додека, пак, една година претходно, 2023 година, Алта банка оствари нето добивка од 9,4 милиони евра, што значи дека лани банката имала сериозен раст на добивката во однос на 2023 година. Во 2023 година, пак, во однос на 2022 година, добивката на банката е зголемена значително, бидејќи во 2022 година профитот на Алта банка изнесувал само 450 илјади евра. Во 2020 година, банката имала вкупна актива од 201 милион евра и капитал од 34 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




