15 Декември, 2025
0.0394

СЕ ОДЛОЖУВА СТАРТОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА: Прво да се формира Влада која ќе пресече за сите измени во образовниот процес

Објавено во: Македонија 12 Август, 2020 11:29

Добивај вести на Viber

Се додека не се формира Владата, нема да стартува ниту новата учебна година, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор. На денешниот состанок присуствувал и министерот за образование, Арбер Адеми, и генералниот став на МОН е училиштата да ги отворат вратите за учениците, односно образовниот процес да се одвива со физичко присуство, но гласните препораки од претставниците на ресорното министерство, како и од Комисијата за зарасни болести се однесуваат на намалување на времетреањето на училишните часови, а за да биде така, треба да се направат законски измени.

-Се додека не се формира Влада и функционално Собрание не може да стартува учебната година со одредените измени кои ги препорачуваме и ние, како Комисија за заразни болести и Министерството за образование. За да се скратат часовите, малиот одмор, големиот одмор, мора да се направат законски измени, а за да биде така мора да имаме Влада и секако Собрание. Дури да се донесе и препорака наставата да биде онлај е потребно законски тоа да се регулира. Сите имени што ги правевме во март, април мај, сето тоа го правеше техничката Влада, но сега ситуацијата е поинаква. Ќе има одложување на стартот на новата учебна година се додека во земјава не се формираат највисоките државни органи, вели изворот на Фактор.

Истовремено потенцира дека Комисијата за заразни болести денеска побарала од МОН да достави податоци за сите училишта во сите општини во Македонија и бројот на деца во сите паралелки поединечно. Велат дека денеска и ќе ги добијат овие податоци кои се од клучно значење за тоа каде ќе има онлај настава, а каде децата ќе одат во училиште.

-Не може никако да се споредува на пример имназијата „Орце Николов“ со училиште во Пехчево, што значи дека повеќе од јасно е дека некои деца ќе имаат онлајн настава, а некои ќе одат во школо. Во оваа насока, би сакал да напоменам дека всушност најголем проблем ни се скопските гимназии и погорните одеделенија во основните училишта кои имаат кабинетска настава. Но, како што реков претходно, за се што ќе одлучуваме, препорачуваме, ќе мора последниот збор да го даде Владата, која допрва треба да се формира, вели изворот на Фактор.

Што се однесува, пак до приватните училишта, кои досега доставиле најдобри протоколи, појаснува дека тие единствено би можеле да почнат со работа, ако добијат дозвола од Комисијата за заразни болести

За крај, нашиот извор вели дека сите одлуки што ќе ги донесе новата Влада ќе се однесуваат на функционирањето и на државните и на приватните училишта.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца