Се одржа уште еден „Марш за ангелите“ - родителите бараат правично судење
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2025 17:08
„Маршот за ангелите“ денеска почна од Паркот на револуцијата во Кочани со порака дека се чекори „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“.
Организаторите нагласија дека овој марш не е протест, туку мирен, достоинствен збор против неправдата и потсетување дека зад секој судски предмет стојат човечки животи, семејства и болка што не поминува. Во вторникот во судницата во затворот Идризово беше одржано второто рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ кој се случи на 16 март годинава. Расправата повторно беше одложена, оти адвокатите не го добиле новото обвинение. Родителите велат дека ова е уште едно понижување, уште едно неиздржливо продолжување на болката.
Тие рекоа дека нема да замолчат и дека ќе продолжат да бараат правично судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.
фото МИА
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





