19 Декември, 2025
0.0504

СЕ ОГЛАСИ АДВОКАТОТ НА ДИРЕКТОРКАТА ОД ДЕМИР ХИСАР: „Во понеделник ќе се јавиме на информативен разговор“

Објавено во: Македонија 10 Август, 2025 13:24

Добивај вести на Viber

Откако инцидентот со претресот во домот на болната директорка во Демир Хисар предизвика голем интерес во јавноста, се огласи адвокатот на директорката, Жаре Стеваноски.
Почитувани,со оглед на јавниот интерес кој го покажавте во врска со начинот на постапување на овластените службени лица при Министерството за внатрешни работи во извршување на наредбата на Судијата на претходна постапка при Основен суд Битола за вршење на претрес во домот на Директорот на СОУ„Крсте Петков Мисирков„ О.Демир Хисар, Ве известуваме дека:

На ден 12.08.2025 година во 09,30 часот заедно со Директорот на училиштето најпрвин ќе се јавиме на поканата за информативен разговор со директорот на училиштето во просториите на МВР-ОВР Демир Хисар, од каде по завршување на информативниот разговор ќе биде побарано од началникот на ОВР Демир Хисар во негово присуство да се пристапи во училиштето со цел да се констатира кој обил во просториите на училиштето на ден 08.08.2025 година, а воедно и да се расчистат спорните прашања околу законитоста во постапката за да се издејствува наредбата за претрес, односно да се потврди врз основа на чија пријава и врз основа на какви докази ОВР Демир Хисар го сторило веројатен основот за сомневање за сторено кривично дело пред ОЈО Битола врз основа на кој била издадена наредбата за претрес.

Со оглед на тоа Ве покануваме за Ваше присуство пред ОВР Демир Хисар во 09,30 часот а потоа и во просториите на СОУ „Крсте Петков Мисирков„ Општина Демир Хисар, каде можете да добиете целосни и детални информации поврзани со предизборниот обид за разрешување на директорот од страна на Градоначалникот на Општина Демир Хисар.

Од свое име и од име на мојот клиент Ви благодарам за пројавениот интерес во заштита на основните човекови права“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот