Добивај вести на Viber
По повод смртта на трите коњи во скопската Зоолошка градина, се огласи Здружението за заштита на животните, Анима Мунди.
1. Бараме итно да се вештачат снимките од сите камери во ЗОО Скопје, доколку изостанува видео надзор во институцијата, најстроги казни за раководството
2. Бараме информација дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има
3. Бараме итна надворешна и независна истрага, аутопсија која не би можела да биде лажирана, го повикуваме донаторот на трите коњи овој пат да ја обезбеди финансиски, за да се превенира во најмала рака и други животни да завршат „донирани“’ на овој начин, во оваа недојдија!
4. Бараме мораториум на внес на нови животни
5. Дивите животни не се украс, атракција и експонати туку живи суштества и со третманот кој што го добиваат во зоолошката градина се единствено изложени на стрес, страв и страдање, неприродни за природниот хабитат од кој примарно потекнуваат. Склони се на самоповредување, бавно умирање, тешка депресија. Не поддржувајте и не посетувајте животни зад решетки и Зоолошки за животни, се вели во реакцијата од Анима Мунди.