20 Јуни, 2025
0.0383

Се огласи Мицкоски: Развојот ќе започне кога ќе ги затвориме сите „финансиски дупки“

Објавено во: Економија 10 Август, 2024 13:05

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи побара трпение од граѓаните и им порача дека развојот на земјата ќе се почувствува, кога ќе се затворат сите „финансиски дупки“.

„Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат. Има разлика.

Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат.

Директорот Бобан Николовски  ме извести дека Месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи.

За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Елена Петрова наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство.

Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање. 

Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот“, порача Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување