19 Декември, 2025
0.0585

Се огласи Мијалков: СЈО е продолжена рака на СДСМ

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2016 14:45

Добивај вести на Viber

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков во изјава за порталот Прес24 вели дека последната истрага за случајот „Трезор“ е само потврда за се она што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ го зборувале во изминатиот период.

- Toa што го направи СЈО со последниот случај е истото што го говориме подолг период наназад. СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и има единствена цел неосновано да дискредитира луѓе од раководството кои Заев ги гледа како конкуренција на која што не може да и парира, вели Мијалков. 

Мијалков смета дека сите наводи на СЈО се целосно измислени.

- Под сета морална и материјална одговорност тврдам дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО се целосно измислени и неточни. Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка, вели уште Мијалков.

Во случајот „Трезор” осомничени се тројца разузнавачи на високи функции во УБК и еден од МВР. Тие се товарат дека се богателе со буџетски пари и проневериле 862 илјади евра преку серија договори и анекси со кои била претплатувана опрема за шпионирање, а парите легнувале на фирмата „Финзи дооел“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот