СЕ ОГЛАСИЈА ОД „МАКСТИЛ“ КОИ ИМААТ ЗА ЗЕМАЊЕ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК: Подготвени сме да разговараме за враќање на рати
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 14:39
Компанијата Макстил, која плати највисок износ убедливио на солидарен данок, на сума од 4,2 милиони евра, се огласи околу околу фактот што Уставниот суд го поништи тоа законско решение, а според кое би требало Владата да им ги врати наплатените пари на компаниите.
Од компанијата, барем според она што е наведено во нивното јавно соопштение, би можело да се заклучи дека тие се подготвени да ги добијат средствата дури и на рати, со оглед што велатр дека се подготвени да „разговараат за динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата“.
„Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок, оценувајќи дека оваа одлука е важен чекор во зачувувањето на правната сигурност и предвидливоста на деловното опкружување во Северна Македонија“, велат на стартот од компанијата.
„Како општествено одговорна компанија, Макстил е подготвена на разговори со Владата со цел да се најдат одржливи решенија кои нема да имаат негативни импликации врз бизнис-секторот и економскиот развој на државата. Согласно законските можности и рокови, Макстил ќе го започне процесот за барање за поврат на средствата исплатени за солидарниот данок. Дополнително, Макстил е подготвен да ги договори со Владата и Министерството за финансии, динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата. Сметаме дека секоја одлука што излегува надвор од законските рамки, како што беше случајот со солидарниот данок, има значителни последици врз финансиската стабилност и буџетските политики, како и врз довербата на компаниите во институциите.
Во овој контекст, Макстил верува дека е неопходен структуриран и транспарентен дијалог помеѓу Владата и бизнис-заедницата за да се изнајдат ефективни мерки за поддршка на јавните финансии, без да се наруши стабилноста на стопанството и инвестициската клима во земјата.
Остануваме посветени на одржливото работење, поддршката на економскиот раст и конструктивната соработка со институциите за креирање на стабилни и предвидливи економски политики“, се вели во соопштението од компанијата.
Можеби ќе ве интересира
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




