19 Декември, 2025
0.0404

Се основа првото Друштво за инвестиционо советување во Република Македонија

Објавено во: Македонија 22 Август, 2018 17:27

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 8-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити даде дозвола за работење на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К.МОРГАН ВЕЛТХ МЕНАЏМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

Ова е прво вакво друштво кое е основано во Република Македонија. Согласно Законот за хартии од вредност, Друштвото ќе врши две услуги:

  • Инвестиционо советување , која ќе ја врши самостојно и
  • Управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент , која ќе ја врши посредно односно преку овластен учесник кој има дозвола од страна на Комисијата за вршење на ваков тип на услуга.

Според законската регулатива, основната главнина на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К.МОРГАН ВЕЛТХ МЕНАЏМЕНТ ДООЕЛ Скопје изнесува 10.000 евра.

На  седницата што се одржа на 16 август 2018 година,  КХВ усвои  неколку интерни акти меѓу кои: Деловник за работа на Комисијата и  Етички Кодекс.

Со Етичкиот кодекс се утврдуваат правилата за однесување на комисионерите и на вработените кои треба да ги почитуваат при извршување на доверените работи и задачи, со цел да се зајакне довербата и угледот  на институцијата во јавноста. 

Законитост, независност, интегритет, одговорност и непристрасност, професионалност и домаќински однос, доверливост, добри меѓучовечки односи, спречување судир на интереси и судир на финансиски интереси, забрана за примање подароци и друг вид корист, забрана на политичко влијание во работата, професионални односи со јавноста и забрана за надворешни активности спротивни на интересите на Комисијата се принципите на однесување во Комисијата.

Исто така, согласно  Етичкиот кодекс, се обезбедува еднаков третман на странките во постапките и вработените се должни на прашањата кои ги поставуваат да одговорат во целост и точно, во најкраток можен рок, во согласност со законите и подзаконските прописи од надлежност на Комисијата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот