Се отстранува дивиот бутик на улица Македонија
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2023
Сопственикот на дивиот бутик „Шејн“ на улица Македонија, кој работи на јавна површина во центарот на Скопје, од утрово сам го отстранува објектот.
Станува збор за застаклен надворешен дел, што вообичаено им служи на угостителите да ги сместат пушачите, но од пред четири месеци работи како продавница за облека.
Претходно објектот беше предмет на надзор кај инспекторите од Општина Центар. Според информациите од Општина Центар, сопственикот сам го размонтирува откако претходно беше издадено решение за отстранување.
Сопственикот побарал рок сам да го урне кој му беше овозможен од општинските власти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.