Добивај вести на Viber
Само мал дел од македонските производители го имаат имплементирано ХАЛАЛ сертификатот за безбедност и квалитет на храна, што е неопходен за извоз во муслиманските земји. Од Исламската верска заедница велат дека интрес кај производителите има, но бројот на оние што го имаа воведено во производството е сеуште мал. За ХАЛАЛ стандардот не се заинтересирани само муслиманите и оти тој е против секаков вид токсични и канцерогени материјали ставени во производите.
- ХАЛАЛ системот не само што е верски стандард, тој истовремено е и здрав начин на живеење,облекување, лекување. Во Европа и на светските пазари заинтересирани се сите граѓани без разлика на верската припадност. Компаниите со ХАЛАЛ знакот влегуваат во светскиот пазар кој тежи милијарди долари на годишно ниво, изјави Дритон Дикена, претставник од Исламската верска заедница.
Иако на светско ниво интересот за ХАЛАЛ расте, во Македонија има само седум сертифицирани фирми од кои неколку веќе почнале со импелментација. Најголем број компании со ХАЛАЛ сертификат во регионот има во Хрватска 50-тина, а во Босна и Херцеговина 47. ХАЛАЛ стандардите, се компатибилни со сите интернационални стандарди како што се ИСО 9000, ИСО 22.000, ХАСАП.
- Со ХАЛАЛ стандардот се дефинира потеклото на храната, се потенцира забраната на крв и други состојки од човечко или животинско потекло, правилата за ХАЛАЛ колење на животните, за месо, месни производи, јајца, житарки, етикетирање., изјави Емилија Тодоровска од Стопанската комора на Македонија
Во Македонија, најмногу фирми што имаат ХАЛАЛ сертификат се од прехранбената индустрија, месната и индустријата за чаеви.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.