Се потешки времиња за јапонските електронски гиганти
Објавено во: Мои пари 01 Август, 2016 20:35
Јапонски компании за традиционална електроника се соочуваат со тешки времиња.
Panasonic забележа пад од 63,5% во нето добивката за 2-рото тримесечје. 213 милиони долари заработила компанијата за периодот од април до јуни, што е за 584 милиони долари помалку во споредба со истиот период минатата година.
Оперативната добивка за првото тримесечје се урнала со 12,6%, а продажбата паднала со 5,9%.
Сериозните загуби на Panasonic не се изолиран случај. Претходно овој месец, кинескиот гигант електрониката Lenovo стекна 44% од акциите на NEC Lenovo Japan Group.
Nippon Electric Company (NEC), кој беше најголемиот производител на компјутери во Јапонија, објави план за изградба на заедничко вложување со Lenovo во 2011 година . Новата група, сепак не успеа да се ослободи од загубите на NEC, насобирани со години , и во моментов 95% од акциите на јапонската компанија се сопственост на Lenovo.
Друг поранешен јапонски гигант во областа на електрониката - Sharp неодамна најави 270 милиони долари загуба за првата половина на 2016 година, вклучува оперативна загуба од 24,5 милиони долари. Вкупниот промет на компанијата падна со 32% на годишна основа.
Основана во 1912 година, јапонската мултинационална компанија за електроника и апарати за домаќинство започна неколку производи, прогласени како револуционерни за Јапонија и дури за светот.
Сепак таа беше апсорбирана од тајванскиот електронски гигант Hon Hai Precision Industry кој стекна 66% од акциите на Sharp за 3,8 милијарди долари.
Најголемиот конкурент на Sharp - Toshiba исто продаде 80% од акциите на кинескиот производител на електрични апарати Midea за 504 милиони долари.
Покрај својата 140-годишна историја, вклучувајќи ја изработката на првиот телевизор, фрижидер и машина за миење садови во Јапонија, Toshiba најави недостатоци во дизајнот барем 3 пати од 2008 година.
1Јапонската компанија трупа се поголеми загуби, вкл. 370 милиони долари од 2014 година, поради неефикасно функционирање, лоша услуга на производите по продажба и недостатоци во неодамнешниот фискален скандал.
Така овие светски компании кои некогаш беа мотор на јапонскиот економски раст, се соочуваат со пад на продажбата, огромни загуби и дури преправки, и како последица на поскапувањето на јенот недостаток на иновации, лоша услуга и лошо управување.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




