СЕ ПОВЕЌЕ СТРАНЦИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА - Еве колку туристи изброја статистика во август
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2023
Се повеќе странци ја посетуваат Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од почетокот на годината до крајот на месец август бројот на странски туристи пораснал за над 40 проценти.
Имено, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2023 година изнесува 216.872 лица, од кои 52,9 отсто се домашни туристи, а 47,1 процент се странски туристи.
- Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесува 877.138, од кои 75,2 отсто се од домашните туристи, а 24,8 процент од странските туристи.
Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 22 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,4 проценти, а кај странските има зголемување за 42,4 отсто.
Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 9,6 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,2 проценти, а кај странските има зголемување за
25,5 отсто - соопштува ДЗС.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.