24 Мај, 2024
0.0269

Се прават прогнози за цената на нафтата - дали ќе поскапе?

Објавено во: Економија 01 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Пред два дена американската лесна нафта WTI поевтини за 18 центи до 53.59 долари, а Brent – со 24 центи до 56.61 долари за барел.

Нафтата ја заврши годината со благо намалување на цените на светските берзи на крајот на најголемото годишно поскапување од 2009 година. 

На 29 декември анкетата на Ројтерс меѓу аналитичари ги покажа прогнозите  за поскапување на крајот на годината до 60 долари за барел.

Од 1 јануари треба да започне договореното од земјите од ОПЕК и водечки производители надвор од картелот, постепено намалување на производството, чија цел е цената на нафтата да се зголеми. ОПЕК се враќа на старите обиди да се бранат одредени ценовни нивоа.

Допрва ќе се види дали и како одделни земји-членки ќе ги почитуваат утврдените квоти за намалување на производството. Големи земји  како Русија, Мексико, Азербејџан, Казахстан, исто така треба да докажат дека го почитуваат својот дел од договорот. 

Други три фактори се исто така многу важни: дали САД нема повторно да го зголемат производството на т.н.. нафта од шкрилци, колку голема ќе биде светската побарувачка на нафта  и дали доларот, во кој се тргува нафтата, нема да поскапе толку, што ќе го задуши растот на потрошувачката.

Прогнозите се разминуваат значително за побарувачката на нафта – раст од 1.22 милиони до 1.57 милиони барели дневно, а тоа е разлика, која се израмнува во апсолутни волумени на количеството што Русија вети да не го пушта на пазарот. Што се однесува до доларот, прогнозите за него се дека оваа година доларот и еврото ќе се изедначат. 

Цената на суровата нафта на светските берзи во 2016 година го постигна највисокиот годишен раст во изминативе седум години. 


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?