Се продава „Славија“
Објавено во: Економија 23 Ноември, 2012 12:48
Агенцијата за управување со одземен имот ќе ја отпочне постапката за продажба на АД „Славија“, која е акционерско друштво каде 98 отсто сопственост и управувачки пакет има акционерот -Агенцијата за управување со конфискуван имот, чиј основач е Владата, беше соопштено денеска.
„Сопствеништвото, како и управувачкиот пакет над акциите на Славија е пренесено на Агенцијата при конфискацијата на 4.285 акции од лицето Кирил Кочовски, врз основа на правосилна судска пресуда за сторено кривично дело и решение за конфискација. Според истата пресуда Кочовски ја оштетил Република Македонија за 97.612.997 денари“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Според проценките на Бирото за судски вештачења, имотот на АД „Славија“ што го поседува друштвото изнесува околу 25 милиони евра, додека како што посочи Ѓорѓиев, обврските на друштвото за платите за вработените, кон доверителите, кон државниот ФПИОМ и сите останати се околу 17 милиони евра. Од Владата очекуваат дека Славија брзо ќе биде продадена, а како што најави владиниот портпарол, по завршувањето на сите постапки акциите ќе бидат продадени на берза за што јавноста дополнително ќе биде известена.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“





