СЕ РАБОТЕШЕ ДО САБАЈЛЕ, СИНДИКАТОТ ПОКРАЈ УАПСЕНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА КОЧАНИ: „Нема да дозволиме истрагата да се користи за политички поени и калкулации“
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2025 07:48
Вчера беа приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена, вечерта кога се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Приведени се Т.Д. (началник на крим полиција), Д.П. (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М. (началник на ОВР Кочани), К.Ј. (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Покрај уапсените до раните утрински часови беа претставниците на Независниот полициски синдикат.
„До раните утрински часови, НСП како единствен вистински синдикат во МВР, со адвокатскиот тим им пружа правна помош и поддршка на приведените колеги. Будно ја следиме состојбата и апелираме во целост да се почитува начелото на пресумпција на невиност и да не се користи истрагата за политички поени и калкулации“, се вели во објавата на фејсбук.
Инаку, Државниот јавен обвинител на Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс", денеска ќе одржат прес -конференција за досегашната постапка во овој предмет и донесената јавнообвинителска одлука.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи ноќта на 16 март, загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




