Сѐ што треба да знаете за Uslugi.gov.mk - Националниот портал за е-услуги
Објавено во: Мои пари 08 Јануари, 2020 12:55
Неодамна започна со работа Националниот портал за електронски услуги, достапен на Uslugi.gov.mk, кој има за цел на граѓаните да им овозможи брз и лесен пристап до информации за јавните услуги од надлежните органи и државни субјекти. Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Како функционира Uslugi.gov.mk?
Националниот портал за е-услуги е електронска платформа преку која можат да се добијат информации за јавните административни услуги од сите институции во државата и директно да се користат јавни административни услуги кои се достапни како е-услуги.
Порталот се состои од јавен и приватен дел. Во јавниот дел, кој е достапен за сите, можат да се најдат детални информации за тоа како да се заврши било која административна услуга од било која институција, вклучувајќи ги надлежните органи за услугата, потребните обрасци, поднесоци, услови, докази, рокови, информациите за плаќање, законската регулатива, итн.
Услугите можат да се пребаруваат според категорија и поткатегорија, животен настан, надлежен орган, со користење на алатка за пребарување, или пак според азбучен редослед. Сите услуги кои се достапни за завршување како е-услуги се означени со специјален „е“ знак и можат да се најдат директно на овој линк.
За пристапување во приватниот дел на Порталот и извршување на е-услуги, потребно е да се креира кориснички профил, односно eID профил, кој има неколку нивоа: основно, ниско и високо. eID е средство за електронска идентификација и претставува кориснички профил за конкретно физичко лице.
За секоја од достапните е-услуги е потребно одредено ниво на eID профил, кое е означено на јавниот дел на Порталот.
Сите граѓани можат да се регистрираат бесплатно на следниов линк >
http://bit.ly/UslugiGovMkRegister
При креирање на eID профилот кога корисникот ќе го потврди процесот на регистрација, со клик на линкот од добиената порака, во Централниот Регистар на Население се креира ЕЕБГ (Единствен Електронски Број на Граѓанинот). ЕЕБГ претставува врска помеѓу eID профилот и идентитетот на корисникот преку податоците достапни во Регистарот за население. При секоја успешна најава со ЕЕБГ се преземаат податоци на корисникот од ЦРН.
Број на достапни услуги
„Заедно со надлежните институции, работиме на постојано зголемување на бројот на достапните е-услуги, па затоа ги повикуваме граѓаните да креираат eID профили и да ги искористат предностите на завршување административни работи онлајн“, велат од МИОА.
Од МИОА најавуваат и дека некои од најбараните е-услуги како што се вадењето лични документи и исправи, ќе бидат достапни на порталот во најкраток можен рок.
Не чекај, креирај го твојот eID и регистрирај се на www.Uslugi.gov.mk уште денес!
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




