Се сруши руски „Миг 31“, пилотите се спасиле
Објавено во: Свет 04 Септември, 2014 18:02
Руски „Миг 31“ денеска се срушил недалеку од градот Армавир, во јужниот регион Краснодар, а двата пилоти преживеале, рекол денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков, пренесува новинската агенција РИА Новости.
Конашенков наведува дека авионот се срушил 25 километри од Армавир, во текот на маневар. Пилотите се катапултирале и безбедно се приземјиле, а рускиот портпарол навел дека не се во животна опасност.
Во почетокот на август, врховниот командант на руските воздухопловни сили, генерал-полковник Виктор Бондарев, рекол дека Русија ќе почне со развој на пресретнувачи кои до 2028 би требало да ја заменат нејзниата флота од 122 Миг-31.
Миг-31 е суперсоничен пресретнувач, од долг домет. Тој двосед може да пресретнува мети оддалечени и до 200 километри, со помош на својот нареден радар и ракета од долг домет. Може ефикасно да функционира во сите временски услови и е опремен со најсовремена авијација и дигитална технологија.
Миг-31 стана дел од советските воздухопловни сили во 1981, а производството на ова летало е завршено во 1994, но останало во служба во руските и казахстанските воздухопловни сили
Заменикот на рускиот премиер Димитриј Рогозин предложил на 8 август да се продолжи со производство на Миг-31, наведувајќи дека леталото би можело да биде ефикасно уште 15 години. Тој тогаш нагласил дека Миг-31 нема ривали.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




