28 Ноември, 2024
0.0289

СЕ СВИКУВААТ КРИЗНИ СОСТАНОЦИ, ЕВРОПЈАНИТЕ ТОНАТ ВО СИРОМАШТИЈА: Не се купува месо и млеко, сауни се палат само на ветровито време

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Европејците со децении стануваат економски побогати од генерација на генерација. Нашите дедовци имаа повеќе од нашите прадедовци, а нашите родители повеќе од нивните родители. Од година во година жителите стануваа се побогати, но на таа среќна приказна и дојде крајот, бидејќи во последната година Европејците станаа посиромашни.

Американски „The Wall Street Journal“ пишува дека куповната моќ практично во сите европски земји се намалува од месец во месец. Французите јадат помалку деликатеси и пијат помалку црвено вино, Шпанците штедат на маслиново масло, Финците палат сауни во ветровитите денови кога струјата е поевтина.

Во Германија потрошувачката на месо и млеко падна на најниско ниво во последните три децении, а пазарот на органска храна, кој до неодамна беше во метеорски пораст, сега е во исто толку метеорски пад.

Во Италија се свикуваат кризни состаноци поради цените на тестенините кои поскапеа двојно повеќе од инфлацијата. Во различни земји има стотици слични примери, а поради падот на потрошувачката, Европа на почетокот на годината падна во рецесија.

Сегашната состојба во која се наоѓа Европа не се случи преку ноќ. Нејзиното население старее, а освен тоа, Европејците преферираат се повеќе слободно време и пократка работна недела, што со години го забавува економскиот раст и ја намалува продуктивноста. Потоа дојде добро познатата пандемија на Ковид-19 и војната во Украина, што резултираше со нарушување на глобалните синџири на снабдување и нагло зголемување на цените на енергијата и храната.

Реакциите на владите ширум континентот само го влошија проблемот, бидејќи за да се спасат работните места, властодршците најмногу се определија за модел на субвенции што ги насочуваа кон работодавците, со што граѓаните – потрошувачите – ги ставија во незавидна положба кога цените во продавниците скокнаа. За разлика од Европејците, Американците повеќекратно имаа корист од евтината енергија и пакетите помош што нивната влада најмногу ги насочуваше кон граѓаните наместо кон работодавците за да ги охрабри да ги трошат.

Европа вообичаено има моќна извозна индустрија, а во минатото жителите можеа да се потпрат на неа. Сепак, Кина, која е клучен европски пазар, исто така е во економски проблеми, кои потоа се прелеваат во Европа. Високите трошоци за енергија и огромната инфлација што не е забележана од 1970-тите, ја намалуваат конкурентноста на европските производители на меѓународните пазари и ги нарушуваат некогаш хармоничните работни односи на континентот. Со забавувањето на глобалната трговија, зависноста на Европа од извозот - кој сочинува околу 50% од БДП на еврозоната во споредба со 10% во САД - станува слабост.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потрошувачката во 20-те земји членки на еврозоната е намалена за околу 1 отсто од крајот на 2019 година. Од друга страна, во САД во истиот период порасна за речиси 9%. Европската унија сега сочинува околу 18% од вкупната светска потрошувачка, а САД со околу 28%. Пред 15 години, ЕУ и САД сочинуваа околу четвртина од вкупната светска потрошувачка.

Приспособени за инфлацијата и куповната моќ, платите се намалени за приближно 3% од 2019 година во Германија, 3,5% во Италија и Шпанија и 6% во Грција. Од друга страна, реалните плати во САД се зголемија за околу 6% во истиот период. Според податоците на ММФ, економијата на еврозоната пораснала за околу 6 отсто во последните 15 години, а на САД за дури 82 отсто.

Директна последица на ова е што просечната земја на ЕУ е посиромашна од сите американски држави, освен Ајдахо и Мисисипи. Ако сегашниот тренд продолжи до 2035 година, јазот помеѓу економското производство по глава на жител во САД и ЕУ ќе биде исто толку голем како оној меѓу Јапонија и Еквадор.

Со оглед на зголемените трошоци за задолжување и потребата европските влади да ги зголемат воените трошоци, економистите очекуваат зголемување на даноците, што врши дополнителен притисок врз потрошувачите. А даноците во Европа се веќе високи во споредба со другите богати земји со околу 40-45% од БДП, во споредба со 27% во САД. Американските работници добиваат речиси три четвртини од платата, додека француските и германските работници задржуваат само половина од она што го заработуваат.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот