Се тестирал за да патува во Хрватска - Љубе Бошкоски позитивен на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Септември, 2020
Уште еден политичар во Македонија е инфициран со Ковид -19.
Станува збор за екс министерот за вантрешни работи, и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Бошкоски е позитивен на коронавирус, објави ММС.
Има лесни симптоми и ќе биде изолиран додека не добие негативен тест.
Вели дека се заразил од близок пријател.
„Не знаев, но бидејќи требаше да се вратам во Хрватска, сакав да се тестирам и заради себе, а најмногу заради внучето Филип. Самоиницијативно заминав да се тестирам. Тестот покажа дека сум позитивен. Немам температура, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран“, вели Бошкоски.
Досега повеќе политичари во земјава беа заразени и се изборија со коронавирусот.Меѓу нив се скопскиот градоначалник Петре Шилегов, Арбер Адеми од ДУИ, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и други.
Во земјава пандемијата не стивнува, а бројките на заразени скоро секој ден се високи.
Вчера починаа и две млади лица кои се под 30 годишна возраст.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.