Добивај вести на Viber
Индексот на прометот во индустријата во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, изнесува 77,9, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На домашниот пазар индексот на прометот во индустријата остварен во декември 2012, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање од 27,7 отсто, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 17,6 отсто.
По сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи пораст од 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 23,1 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 58,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 20,5 отсто, Капитални производи за 13,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 44,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто.
Индексот на прометот во индустријата во декември 2012 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 99.1, додека во периодот јануари-декември 2012 година, во однос на периодот јануари-декември 2011 година, изнесува 83.2.