СЕ ТРАГА ПО НЕГО: Бездомник на аеродром пронашол 300.000 евра
Објавено во: Свет 13 Декември, 2017
Париската полиција трага по бездомник кој случајно пронашол 300.000 евра од канцеларија на компанијата Лумис на аеродромот Шарл де Гол.
Компанијата е задолжена за транспорт на пари до и од аеродромот, и вообичаено нивната канцеларија е добро чувана и заклучена. Но, минатиот петок вработените ја заборавиле вратата отворена, што го искористил бездомникот кој влегол внатре и земал пари. Безбедносните камери го „уловиле“ бездомникот на возраст од околу 50 години.
На снимката се гледа дека бездомникот случајно се потпрел на вратата и изгледа изненадено кога таа се отворила. Потоа видел дека има две вреќи со пари. Човекот исчезнал од аеродромот со двете вреќи, оставајќи ја зад себе својата вреќа во која ги носел своите работи.
На Шарл де Гол во секое време има околу стотина бездомници чие присуство вообичаено се толерира од аеродромското обезбедување.