ИСЧЕЗНА ЖЕНА ОД СКОПЈЕ - трагата и се губи во Јурумлери, роднините молат за помош
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024
Жена од Скопје, поточно од Јурумлери е исчезната. На Фејсбук се споделува статус на лицето Аце Јоциќ кој пред кратко време објавил дека е исчезната неговата сестра, Лидија Трајковска.
Во објавата замолува за било какви информации и го споделува неговиот телефонски број.
- Исчезната е сестра ми, ве молам за секоја информација да ме контактирате на 078/431-680. Трагот и се губи на раскрницата во Јурумлери - напиша тој на својот Фејсбук профил, каде сподели и фотографија од неговата сестра.
Ќерката на Лидија, Мартина Трајковска посочува дека станува збор за посветена мајка, сопруга, вработена жена без никакви здравствени проблеми.
Лидија утрово околу пет часот излегла од семејниот дом, по што и се губи секаков траг. Со себе не понела лични документи, ниту мобилен телефон. Нејзините блиски вознемирени од случајот апелираат за помош од јавноста во пронаоѓањето на Лидија.
- Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле. Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција - кажа Мартина.
Последна информација околу нејзиното движење имаме од снимки од камери, живееме во Јурумлери, а таа е забележана на автобуската станица Јурумлери.
Облечена е во зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.
Се работи за слаба и ниска жена, и секоја информација е добредојдена, за ,„Фокус“ појаснува нејзината ќерка Мартина.
И таа побара помош преку Фејсбук:
Објавите на Фејсбук предизвика бројни коментари, но и поттикна прашања од загрижени граѓани, кои бараа повеќе детали, како гардероба, дали се трага преку МВР и преку мобилниот број на жената...
Воедно постовите веќе се споделуваат по повеќе групи на Фејсбук, од загрижени граѓани кои сакаат да помогнат во нејзино побрзо лоцирање.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.