СЕ ТРЕСЕШЕ ЦЕЛА НОЌ: Додека бројат жртви од последниот ги погоди нов земјотрес
Објавено во: Свет 05 Март, 2018
Силен земјотрес денеска повторно ја погоди Папуа Нова Гвинеа, а бројот на лицата кои настрадаа од земјотресот со јачина од 7,5 степени се искачи 67.
Новиот потрес беше на длабочина од 10 км.
Ова не е конечен биланс, од Црвениот крст очекуваат оваа бројка уште да расте.
Три нови потреси со јачина поголема од 5 степени го погодија повторно планинското подрачје на Јужната висорамнина, околу 600 киломери од главниот град Порто Моресби во понеделникот, објавено е во најновите податоци на Американскиот геолошки завод, кој известува и за еден земјотрес со јачина од 6 степени.
„Не спиевме. Се тресеше цела ноќ. Она што утрово го доживеавме може да предизвика уште повеќе штети, уште не знаеме, речиси ме исфрли од креветот“- изјавил за локалните медиуми Вилијам Бандо од локалното биро на покраината Хела во телефонскиот разговор од Тари, околу 40 километри од епицентарот на потресот.
Повеќето жртви од земјотресот се во покраинскиот главен град Менди или во неговата околина, како и во Тари, каде што одроните затрупале куќи, а семејствата биле во објектите кога се уривале.
Ова подрачје веќе претрпи големи штети на 26-ти февруари кога силниот земјотрес во сеизмички активната висорамнина срамни со земјата згради изградени пред речиси еден век, предизвика одрони и ги прекина активностите на светските нафтени компании.