19 Декември, 2025
0.0466

(ФОТО) СЕ УШТЕ ГОРИ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕЛИ СОСТОЈБАТА Е ЛОША: Мирисот на чад синоќа пристигна и до Бутел, Чаир и Железара

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2025 08:59

Добивај вести на Viber

Активни се вкупно седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активните се пожарите во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен), Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација), Општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија), Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) и Општина Крива Паланка – с. Жидилово (борова шума)

Фактор утринава го контактираше градоначалникот на Чучер Сандево, Сашо Комненовиќ, за тоа каква е состојбата со пожарот, тој накратко ни одговори дека состојбата е лоша.,

„Состојбата е лоша, се сомневам дека пожарите се подметнати, ова не е нормално. Сега екипите го изгаснаа пожарот во Кучевиште, кај црквата Света Недела, се гледа од улица дека е запалено. Гореше ливада. Пожарот кај Блаце-Бразда се уште е активен и како растат температурите така се зголемуа интензитетот. Хеликоптерот е активен во гасење, но како расте температурата и тој ќе мора да се повлече бидејќи на температура над 45 степени не може да лета. Далеку е од населените места, синоќа од таа страна беше локализиран. Меѓутоа далеку од тоа дека состојбата е добра, ние сме цела ноќ на терен, не сме отишле дома, вели градоначалникот Комненовиќ.

Инаку, потресни сведоштва и фотографии пристигнуваат од социјалните мрежи, а мирисот на чад синоќа ги вознемири и жителите на Чаир, Бутел и Железара.


*Фотографијата е направена во скопска Железара.

Со помош синоќа излегоа и од општина Карпош и Центар.

„На барање на градоначалникот на Чучер Сандево за помош при справувањето со пожарот кај Блаце кој во текот на вечерните часови почна брзо да се шири и излезе од контрола, градоначалникот Стевчо Јакимовски итно го мобилизираше тимот за заштита и спасување на Општина Карпош и го испрати на помош. Екипата се повлече од терен во два часот по полноќ“, соопштија од општината.


„Општина Центар, со цистерна и вработени од ПОЦ, се вклучи во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево.

 Дејствуваме координирано и остануваме подготвени да помогнеме сѐ додека огнот не биде ставен под контрола.

Приоритет е безбедноста на граѓаните и заштитата на природата!“ информираа од Центар.





Со критики до власта се јавија и од СДСМ. Велат дека Владата ги оставила граѓаните сами против пожарите, и дека импровизацијата на Мицкоски скапо ја чини Македонија.

„Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето „ќе бидат подготвени“, а денес ја гледаме истата неспособност, истата незаинтересираност и истата импровизација. Цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари и да го подготват системот. Наместо тоа, Владата ниту набави нови возила, ниту ги сервисираше постојните, ниту навреме обезбеди кадар. Наместо модерни возила, сега ги адаптираат старите армиски хермелини кои не можат ниту да пристапат на тежок терен. Само лани владата набавила возила за функционерите и администрацијата од неколку милиони евра. Наместо да вработат обучени пожарникари со достоинствени плати, дури сега, во средина на летото, нудат сезонска работа за 24.000 денари, импровизација која може да биде и опасна за луѓето.Владата имаше пари за службени возила за администрацијата, за советници со плати од 100.000 денари, ама за противпожарните бригади не. Оваа неспособност има цена што сите ја плаќаме, горат шуми, се уништува имот и загрозени се животи. Го прашуваме Мицкоски, кој е крив оваа година за пожарите, повторно ли е СДСМ?“ велат од СДСМ.

Од ЦУК информираа дека локализиран е пожарот во Општина Делчево – градска депонија, а под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод – с. Самаково (лесно запалив материјал).

Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Сарај – с. Глумово (пилевина), Петровец – с. Ржаничино (стрниште), Аеродром – с. Долно Лисиче (фолии и стрниште), Ѓорче Петров 1 – с. Злокоќани (ниска вегетација), Ѓорче Петров 2 – ул. Стево Црвенковски бб (ниска вегетација), Чучер Сандево – м.в. Голиево (ниска вегетација), Центар – ул. Лазар Личеноски (ниска вегетација), Велес – с. Горно Оризари (ниска вегетација), Куманово – с. Белаковце (шума, ниска вегетација), Старо Нагоричане 1 – с. Ругинце (ниска вегетација и мешана шума), Старо Нагоричане 2 – с. Ругинце (нискостеблеста шума), Кратово – с. Железница (лозје), Штип – с. Балвани (ниска вегетација), Долнени – с. Сарандиво (ниска вегетација), Боговиње – с. Седларце (депонија), Брвеница – с. Теново (ниска вегетација), Желино – с. Чефлик (ниска вегетација), Врапчиште – с. Неготино (стрниште), Битола 1 – с. Магленце (депонија), Битола 2 – близина на болницата Плодност (ниска вегетација), Свети Николе – правец Штип – Велес (ниска вегетација), Прилеп 1 – м.в. Жабино маало (ниска вегетација) и Прилеп 2 – кај фирмата Гаро-Градба (ниска вегетација и депонија).

 

Фото: Филип Тодороф/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината