СЕ ЗАКАЖУВА НА VAKSAJNS.MK: Упад во сајот на МЗ за регистрација за вакцинација
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2021 11:34
Граѓаните од
синоќа збунети побарале одговори во Министерството за здравство во однос на тоа
на која страница може да се регистрираат, односно да искажат интерес за
претстојната вакцинација против Ковид-19, откако се појави креиран сајт: vaksajns.mk
Од Министерството за здравство за Фактор потенцираат дека станува збор за упад на официјалната страница на министерството и посочуваат дека случајот е пријавен во МВР во Секторот за компјутерски криминал.
-Единствената веб страница на која граѓаните преку пополнување на апликација искажуваат интерес за вакцинација против Ковид-19 е www.vakcinacija.mk. Страницата која ја посочувате утринава е пријавена во Министерството за внатрешни работи и не е веб страница зад која стои Министерството за здравство ниту пак Националните систем МојТермин, велат од Министерството за здравство.
Истовремено посочуваат дека добиле пријави уште во текот на вчерашниот ден, односно по завршување на работното време од граѓани кои се обидувале да направат електорнско пријавување.
Инаку, Фактор од свои извори дознава дека страницата vaksajns.mk е креирана од лице кое е одличен познавач на компјутерската технологија.
Во меѓувреме, од почетокот на фунционирањето на официјалната страница www.vakcinacija.mk, односно од вчера до денеска се пријавиле повеќе од 20.000 граѓани кои искажуваат интерес за вакцинацијата против Ковид-19.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




