СЕ ЗАПАЛИ „МИНИ КУПЕР“ ВО ВОЛКОВО, ЕДНО МОМЧЕ ЗАГИНА: Со огромна брзина удрило во камен, страшна сообраќајка
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2022 13:00
Во страшна
сообраќајна несреќа во Волково, едно момче загинало, а друго со тешки повреди е
пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што пишува „Плус инфо“, според нивни информации, несреќата се случила откако двете момчиња кои се возеле во „мини купер“ со голема брзина удриле во камен кај маркет ,,Гаџо“, при што автомобилот се запалил. Едно од момчињата починало на самото место.
– Во СВР Скопје во 03.15 минути било пријавено дека во с.Волково патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С. (26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат – информира од СВР Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




