СЕ ЗАТВАРА МАКЕДОНСКОТО НЕБО: Штрајк во контролата на летање
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2025 09:27
Менаџментот на М-Нав не ги исполнил дадените ветувања, а Синдикатот бараше директорите на контролата на летање да запре со партиските вработувања во М-НАВ, да добие одобрување од Министерството за финансии за оглас за вработување на контролори на летање и инженери, како и распишување тендер за избор на меѓународна независна агенција која ќе изработи анализа за моменталната состојба и за неопходните кадри за нормално функционирање на друштвото.
Иако првично штрајкот беше закажан за 10 јули, контролорите одлучија да го одложат поради извесни придвижувања во исполнување на барањата. Сепак поради застојот во процесот, тие сега повторно застануваат цврсто зад своите ставови.
Од Синдикатот велат дека 20 октомври е избран како почетен датум по завршувањето на локалните избори, за да не се дозволи на раководството на М-НАВ да ја искористи ситуацијата и да го етикетира штрајкот како политички мотивиран.
Синдикалците дополнително предупредуваат и на притисоци врз вработените од страна на раководството на М-НАВ, со цел да се спречи нивното учество на претстојните состаноци на синдикатите.
- прекин на партиски вработувања во М-НАВ,
- одобрување за нови огласи за вработување контролори на летање и инженери,
- распишување тендер за избор на независна меѓународна агенција која ќе изготви функционална анализа на потребите на претпријатието.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




