СЕ ЗАТВОРААТ СИТЕ КОВИД ЦЕНТРИ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ В СКОПЈЕ: Болни од ковид ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Инфективната Клиника
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2021 11:09
Министерството
за здравство соопшти дека во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти
поради компликации од корона вирусот, додека вкупниот број на сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат 142 пациенти на инфективните одделенија во главниот град.
-Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти, соопшти МЗ.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и како пто информираат од МЗ, утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Поради намалениот број на пациенти, од денес се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за Инфективни болести.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Инаку, во центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 237 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 16, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 379 и има околу 614 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




